Соопштение за јавност
Пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски во денешното гостување за вестите на Алсат, прашан зошто токму сега пратениците на СДСМ го поднесоа предлог Законот за обештетување на бранителите рече дека поради тоа што сега може да се обезбеди поширока поддршка помеѓу пратениците, особено што ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ декларативно се изјасниле дека го поддржуваат.
„ВМРО-ДПМНЕ како партија која ја презема власта се изјасни дека дава апсолутна поддршка за носење на законот, тука е и ЗНАМ која е дел од владината коалиција. Ако таа декларативно изразена волја биде реална може да се донесе законот и да ги реши сите овие прашања низ политички дијалог. Ние го дадовме Законот по скратена постапка, Собранието се изјасни и сега е на дневен ред.“, рече Спасовски во интервју за Алсат М Телевизија.