fbpx

Заев со делегација на НС од Србија: Добродојдена е секоја поддршка на иницијативите за продлабочување на соработката меѓу двете земји

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на маргините на официјалната посета на Република Србија, се сретна со делегација на Народната партија во Србија (Народна странка), што ја предводеше претседателот на партијата Вук Јеремиќ.

Премиерот Заев, во придружба на членови на највисоките партиски тела на СДСМ, воедно и министри, како потпретседателите Оливер Спасовски и Дамјан Манчевски, ги информираа претставниците на НС во Србија со резултатите од посетата на Република Србија и од средбите со премиерката Ана Брнабиќ, и Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ.

Претседателот Зоран Заев, изрази задоволство од посетата и од иницираните проекти за продлабочување на соработката меѓу двете земји, и истакна дека за овие иницијативи очекува поддршка и од опозициските партии во Република Србија.

Претседателот на НС, Вук Јеремиќ изрази благодарност од можноста за средбата и за издвоеното време за размена на информации и искуства од интерес за соработката меѓу двете партии, особено во делот на евроинтеграциските процеси за кои, како што забележа Јеремиќ, добиваат на интензитет во сите земји во регионот.

Последни вести