fbpx

Комисијата за заштита од дискриминација треба да постапи за случаите во МВР и во други институции

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Панче Тошковски удри по професионалците во МВР. Власта на Мицкоски разрешува и отпушта луѓе од работа само затоа што во одреден период од своето долгогодишно искуство, по систем на кариера, биле на позиции во време кога не била ДПМНЕ на власт.

Од друга страна, за телохранителот на Мицкоски кој нападна полицаец, Тошковски го ослободи од одговорност и му ја прекина дисциплинската постапка.

Тоа се двојните аршини на оваа власт која наместо професионализам спроведува брутална партизација на институциите но и на безбедносните служби за свои партиски цели.

Но ова е и класичен пример за дискриминација кој освен во МВР се случува и во други институции.

Ја повикуваме Комисијата за спречување и заштита од дискриминација да постапи за овие случаи во МВР како и за сите останати случаи низ институциите.

Професионалците мора да се заштитат.

Последни вести