fbpx

СДСМ го осудува денешниот инцидент во Шуто Оризари, насилството е неприфатливо, институциите да го расчистат случајот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува насилството и денешниот инцидент што се случил во скопската општина Шуто Оризари.

Очекуваме Министерството за внатрешни работи и надлежните институции до крај да го расчистат случајот, а виновниците да бидат изнесени пред лицето на правдата согласно законите.

Ги повикуваме сите граѓани и политички субјекти да не подлегнуваат на провокации и да останат посветени на спроведувањето фер, слободни и демократски избори.

 

Скопје,02.10.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

 

Последни вести