Соопштение за јавност
Со изнесувањето на лажни вести, лажни ветувања и лажна загриженост, Груевски уште еднаш докажа дека работи против интересите на граѓаните и државата. Колку навистина Груевски се грижи за граѓаните се покажа на неговата денешна прес конференција кога младо момче зад него колабираше а ниту еден, вклучително и Груевски не се ни обиде да му помогне.
Груевски отворено кажа дека е против покачување на минималната и со тоа отиде директно против интересите на 70 000 граѓани кои очекуваат и заслужуваат повисоки плати и повисок животен стандард. Очигледно е дека Груевски не може да побегне од сопствените политики на деструкции, поделби, тензии и внатрешни и меѓународни конфликти. Груевски не може да се помири со фактот што парите на граѓаните повеќе не завршуваат во неговиот џеб, туку се користат за повисоки плати и пензии, нови работни места, поголема помош за земјоделците и за решавање на статусот на стечајците.
Залудни се сите лажни обвинувања на Груевски, кому веќе не му веруваат ниту во сопствената партија. Груевски е соочен со значењето на Зборот е збор и со одговорното и посветено работење во интерес на граѓаните од страна на Владата предводена од СДСМ.
Граѓаните ја препознаваат очигледната разлика помеѓу неговото криминално, насилничко и расипничко владеење и одговорната работа на Владата предводена од СДСМ. За само сто дена, парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ, обезбедија повисока минимална плата за околу 70 000, ја враќаат евтината струја, трајно го решаваат проблемот на 3000 стечајни работници, обезбедуваат поголема помош за претпријатијата, дополнителни 10 милиони евра помош за земјоделците и започнаа процедура за укинување на радиодифузна такса.
Кошмарот веќе заврши на денот кога Груевски замина во опозиција. Граѓаните увидоа дека може да се работи чесно, одговорно и во интерес на нивните интереси. Затоа на локалните избори, граѓаните ќе стават крај на криминалните, расипничпки и деструктивни политики на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво и масовно ќе ја поддржат чесната понуда на СДСМ и кандидатите кои ќе работат одговорно, посветено и во интерес на граѓаните.
Скопје, 05.09.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА