Соопштение за јавност
Промашените политики на привлекување на странски инвестиции, задоволувањето на криминалните апетити на Груевски и расипничко работење на ВМРО-ДПМНЕ, ја заковаа Македонија на дното во регионот и Европа по странски инвестиции во изминатите 11 години.
За тоа сведочат и празните ливади коишто ги остави Никола Груевски наместо индустриски зони за коишто лажно, како што тоа го прави и денеска, ги ветуваше пред граѓаните на Неготино, Делчево, Радовиш, Крушево, Гевгелија (Прдејци), Охрид и на многу други места.
Последните објавени информации покажуваат до каде одело расипништвото на Груевски. Додека граѓаните осиромашуваа, додека Македонија ја остави на дното по странски инвестиции, Никола Груевски, од парите на граѓаните плаќал и по 7.000 евра месечно за своите советници.
Никола Груевски, видно исплашен од вистината што ќе излезе по владината одлука за декласификација на информациите за склучените договори на поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ со странски компании секојдневно сее нови лаги.
Граѓаните можат да бидат спокојни. Економијата, државата и целокупното општество се движат во добар правец, заинтересираноста на компаниите за инвестиции расте откако Груевски замина во опозиција.
Скопје, 05.09.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА