fbpx

Нападите на ДУИ кон СДСМ се за прикривање на нивните договори со ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нападите на ДУИ кон СДСМ се за прикривање на нивните договори со ДПМНЕ

СДСМ го поздравува бришењето на националистичкото видео со воени униформи на Али Ахмети со што директно призна дека таквата политика не е добра и воопшто не носи добро ниту на земјата ниту на граѓаните.

Но сепак со новите неосновани напади на ДУИ кон СДСМ во однос на Албанците покажува дека за жал партијата не се откажува од нивната единствена стратегија на постојано подгревање поделби и етнички тензии.

ДУИ треба конечно да се одважи и да ги напушти овие националистички политики и да разбере дека се несоодветни за нашето мултиетничко општество.

Последните напади на ДУИ кон СДСМ со измислени договори се со единствена цел да ги прикријат нивните тајни договори со ДПМНЕ и нивната соработката.

Само ќе ги потсетиме на гласањето закони во Собранието заедно со ДПМНЕ, обезбедувањето Бадентерово мнозинство, па се до последните скандали, како слободното пуштање на Артан Груби преку границата.

СДСМ секогаш ќе биде гласен против национализмот, поделбите и популизмот, без разлика од каде доаѓа.

Последни вести