fbpx

ВМРО-ДПМНЕ не се откажа од политиките на поделби и конфликти, Македонија оди напред, Владата ќе ги спроведе зацртаните реформи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од заштитата на криминалот во сопствените редови и од очајничките обиди за блокирање на разрешувањето на Марко Зврлевски.

Со неприфаќањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ не се отажува од политиките на поделби и изолација и на создавање тензии и конфликти со соседите.

ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од ширење манипулации за необврзувачката Нацрт – Стратегија за бегалци и мигранти, којашто самите ја развивале и прифатиле.

ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од кочењето на реформите што носат повисока минимална плата, укинување на радиодифузната такса, трајно решавање на статусот на стечајните работници и поголема државна помош за стопанството. ВМРО-ДПМНЕ не се откажа од работењето спротивно на државните и национални интереси.

Со таквото однесување, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш докажа дека е против се што е афирмативно, дека е против придобивките на граѓаните и против напредокот и развојот на Република Македонија.

Залудни се сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ преку празни прес-конференции и преку очајничките обиди за блокада на иституциите, да ги закочат реформите што носат добро за сите. Македонија оди напред, Владата предводена од СДСМ ќе ги спроведе сите зацртани реформи за кои што гласаше мнозинството граѓани и ниту еден обид за блокада нема да го спречи започнатиот рефомски процес.

 

Скопје, 14.08.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести