fbpx

Владата излажа за нов клинички центар, болницата 8 септември не може да биде замена

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата излажа за нов клинички центар, болницата 8 септември не може да биде замена

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ги излажа граѓаните – нов клинички центар во Скопје нема да се гради. По години блокирање на проектот за изградба на современ клинички центар, кој беше инициран од претходната Влада на СДСМ, и покрај понудата да учествуваат и го контролираат проектот, сега признаа дека новиот Клинички центар нема да стане реалност.

Ветувањата за изградба на модерен клинички центар, кои ги повторуваа на прес-конференции и во изјави, беа само празни зборови. Попусто се обидуваа да ја манипулираат јавноста – граѓаните сега го гледаат нивниот неуспех и недостигот од визија за здравствениот систем.

Проширувањето на услугите во болницата „8 Септември“ или таканаречената регионализација не може да ја замени потребата од нов модерен клинички центар. Тој е неопходен за да се обезбеди интегрирана и квалитетна здравствена услуга на едно место, како што функционираат современите здравствени системи во европските земји. Концептот што го предлагаше СДСМ, а кој ВМРО-ДПМНЕ целосно го блокираше, ќе овозможеше пациентите да добиваат сè што им е потребно на едно место, без да бидат принудени да шетаат од клиника на клиника.

Но, ВМРО-ДПМНЕ повторно докажува дека нема визија за здравството и дека целосно недостасува капацитет за менаџирање на овој клучен сектор. Граѓаните се соочуваат со хаос во здравството: недостиг на основни лекови на повеќе клиники, зголемување на листите на чекање кои СДСМ ги намали за време на своето владеење и лошо менаџирање од страна на неспособните директори поставени од оваа власт. Имаме секојдневни немили настани каде умираат деца на клиниките и нема одговорност за ниедна случај, а нема ни лекови на Онкологија.

СДСМ ги предупредува граѓаните дека со оваа Влада здравството само ќе продолжи да пропаѓа. Време е за одговорност, време е за Владата да ги исполни своите ветувања и да ги стави здравствените потреби на граѓаните на прво место, наместо да ја уништува иднината на македонскиот здравствен систем.

Последни вести