fbpx

Дебакл на мерките на владата, синдикалната кошничка покачена за 521 денар

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Дебакл на мерките на владата, синдикалната кошничка покачена за 521 денар

Целосен дебакл на мерките на Владата и економските политики на Мицкоски и ДПМНЕ.

Последните објавени податоци покажуваат дека минималната синдикална кошничка за месец февруари е зголемена за 521 денари и достигна 63.773 денари.

На едно четиричлено семејство му се потребни намјалки 64.000 денари месечно само за основните потреби, додека просечната плата во државата е значително пониска и стагнира.

Овие податоци јасно покажуваат дека владините мерки и економски политики се тотално промашени.

Граѓаните имаат се помалку пари во своите џебови и едвај врзуваат крај со крај.
Животниот стандард се влошува.

Наместо да обезбеди реални решенија и да го заштити животниот стандард на граѓаните, владата го остава народот сам да се бори со огромната скапотија.

СДСМ бара итно преземање на следниве чекори:
-Укинување на ДДВ за храна.
-Намалување на ДДВ за струја на 5%.
-Примена на Законот за нефер трговски практики за намалување на цените до 30%.
-Зголемување на минималната плата на 500 евра.

Потребно е усогласување на платите со растечките трошоци за живот, за да се обезбеди достоинствен живот за сите граѓани.

СДСМ останува посветен на борбата за подобар животен стандард и ќе продолжи да предлага конкретни решенија за надминување на економската криза.

Последни вести