fbpx

Иванов не може да му помогне Груевски, нема амнестија! А ќе има нова Влада на граѓаните!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Демократските процеси продолжуваат и Ѓорѓе Иванов тоа не може да го спречи.

Ќе има конститутивна седница и избор на нов претседател на Собранието и тој ќе го извести Иванов дека е должен веднаш да му го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за состав на новата Влада.

Тоа е очекувањето на околу 700 000 граѓани кои гласаа за промени, правда и добар живот.

Секој потег на Иванов е во функција на заштита на Никола Груевски и соработниците од одговорност за направените криминали. И Иванов и Груевски треба да знаат дека пазар за амнестија нема!

Ќе има нова реформска Влада којашто ќе ја спроведе Програмата што ги гарантира унитарноста на Република Македонија,владеењето на правото, заедништвото и решавање на сите реални проблеми и потреби на сите граѓани на државата.

 

Скопје, 21.03.2017

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести