Врз основа на член 68 став 2 од Статутот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, и усвоените Роковник за постапката, начинот и критериумите за утврдување на кандидати за членови на советите на општините и советот на град Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на град Скопје за локалните избори 2025 година и Правилник за постапката, начинот и критериумите за утврдување на кандидати за членови на советите на општините и советот на град Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на град Скопје за локалните избори 2025 година, а во согласност со член 13 од Правилник за постапката, начинот и критериумите за утврдување на кандидати за членови на советите на општините и советот на град Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на град Скопје за локалните избори 2025 година и точка 6 од Роковникот за постапката, начинот и критериумите за утврдување на кандидати за членови на советите на општините и советот на град Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на град Скопје за локалните избори 2025 година, усвоени на петтата седница на Централниотодбор на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонијаодржана на ден 29.04.2025 година, се објавува:
О Т В О Р Е Н П О В И К
за самокандидирање на кандидати за градоначалници на општините и за градоначалник на град Скопје за локалните избори 2025 година
СДСМ е отворена партија којашто постои и работи за граѓаните
Социјалдемокатскиот сојуз на Македонија започна Постапка за евидентирање, предлагање и избор накандидат за градоначалници на општините и за градоначалник на град Скопје за локалните избори 2025 година, врз основа на напред наведеното давамеможност за самокандидирање и на личности кои не седел од СДСМ а се докажани индивидуи, кредибилни и препознаени во локалната средина, кои ги поддржуваатнашите политики и имаат идеи да ги надградуваат.
За таа цел ги повикуваме сите заинтересирани чесни и угледни индивидуи кои ги споделуваат социјалдемократските вредности и ги делат социјалдемократските идеали, да се самокандидираат како кандидати за градоначалници на општините и за градоначалник на град Скопје за локалните избори 2025 година.
Со доставената самокандидатура за градоначалницина општините и за градоначалник на град Скопје за локалните избори 2025 година, кандидатот/кандидатите во хартиена форма задолжително доставуваат:
– Мотивационо писмо/писмо за намера;
– Детална програма со предлог идеи и проекти за развој на општината;
– Потпишана Изјава за постапување и почитување на Етичкиот кодекс на СДСМ;
Заинтересираните кандидати своите кандидатури(со целосна прилог документација во хартија, во затворен плик со назнака Самокандидатура за градоначалници на општините и за градоначалник на град Скопје за локалните избори 2025 година потребно еда ги достават најдоцна до 17.05.2025 година, доИзвршниот одбор на ЦО на СДСМ, во седиштето на СДСМ на ул. Бихаќка број 8 Скопје.
Утврдени критериуми од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија за поднесување на самокандидатури за градоначалници на општините и за градоначалник на град Скопје за локалните избори 2025 година за лицата потребно е да ги исполнуваат следните услови:
Дополнителни информации и потребните обрасци за комплетирање на документацијата (Изјава запостапување и почитување на Етичкиот кодекс на СДСМ,) се објавени на веб страната на Социјалдемократскиотсојуз на Македонија www.sdsm.org.mk.