Соопштение за јавност
Проблемот на Никола Груевски и неговите соработници е што тие се препознаваат во секој за кој постои сомнеж дека е дел од какви било криминални актвности. Затоа Груевски и соработниците имаат потреба несовесно да наоѓаат поврзаност каде што не постои.
Во врска со случајот за кој зборуваше соработникот на Груевски, Орце Ѓоргиевси, на прес конфернцијата денеска, ставот на СДСМ е јасен.
Ја охрабруваме полицијата да го расчисти случајот до крај и секој кој работел спортивно на законот да понесе соодветна одговорност.
Во Македонија мора да има и ќе има правда.
Скопје, 19.03.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА