За ВМРО ДПМНЕ е својствено да лажат, лажеа пред избори за нови мерки, за повеќе пари за субвенции, лажат и сега, ги манипулираат земјоделците, а земјоделството тоне, потенцираше претседетелот на Комисијата за земјоделство,шумарство и водостопанство на СДСМ, Трајан Димковвски, на денешната трибина во организација на СДСМ, под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“. Димковски посочи дека за една година владата на ВМРО ДПМНЕ покажа тотална безидејност во делот на политики за развој на земјоделството и мерки за поддршка на земјоделците.
„ВМРО ДПМНЕ ниту знае што прави со државата, ниту со земјделството. Ветуваа загарнтирани цени, сигурен откуп, повисоки субвенции. Но работите не се одвиваат така. Што направија, го сменија новиот модел што го воведуваме за субвенционирање кој беше базиран на исплата по учинок. Три години работевме на овој модел за да се воведе за да се исплати авансно. Најавуваа големи реконструкции на водоводни системи изградби, а денес гледаме дека тутунот се суши во прилепско. Ги скратија субвенциите за лозарството. Ги суспендираа програмите за мали земјоделци, што ги воведе СДСМ. Субвенциите за мерките што ги скратија опфаќаат околу 20.000 земјоделци. Ветуваа агенција за државно земјоделско земјиште, и тоа ветување им избледе“, рече Димковски.
Но, не само во делот на мерките за земјоделство, Димковски потенцираше дека и ресорното министерството за земјоделство врши непромислени измени на законите, кои се прават под диктат на партијата и според партиските потреби.
„Може да потенцираме само две работи зошто тоа би се правело- едната силно политичко влијание во владата на ВМРО ДПМНЕ на поединци. Сите измени беа потпишани од пратеници, тоа укажува дека Министерството за земјоделство нема никаков капацитет да подготви ниту три реченици или да предложи на еден член за измена во одредени закони“, рече Димковски.
Катастрофалната состојба во ресорот земјоделство, како што рече Диимковски, доведе тоа да луѓе го напуштат министерството со што слабее капацитетот на институцијата.
„Во последната година 136 луѓе го напуштија министерството. Со тоа се ослабна капацитетот, имаме борба за бркање на неистомисленици, мобинг деградација на вработените“, рече Димковски.
Говорејќи за лошите земјоделски политики на ВМРО ДПМНЕ, Димковски потенцираше имаме комплетно потфрлување со ИПАРД европските фондови, како и со земјишната политика бидејќи не е објавен ниту еден оглас за распределба на земјоделското земјиштето.