fbpx

Радеска: ВМРО-ДПМНЕ го урниса здравството, го деградира белиот мантил и пациентите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Оваа власт потполно го урниса здравствениот систем и тоа само во една година. Ние имаме нефункционален здравствен систем со заостанати реформи и апсолутен политички марктинг, истакна д-р Елена Радеска, од комисијата за здравство на СДСМ, во рамките на трибината под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“.

Радеска нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ во предизборната програма имаше напишано 13 страни проекти за здравство, кои останаа само на хартија.

ВМРО-ДПМНЕ им ветуваше вработување на младите специјализанти, но тоа заврши сосем нетранспарентно, ветуваше децентрализација на здравствто, но го стори спротивното, во однос на недостигот на лекови и терапии добро ни е познато дека имаше недостиг на инсулин, а онколошките пациенти сé уште имаат проблем и ја чекаат својата терапија, рече Радеска, додавајќи дека тоа зборува само за прикривање на проблемите и никакво идејно решение.

Радеска потсети дека ВМРО-ДПМНЕ ветуваше огромни проценти за зголемување на платите во здравството но за жал дадоа само 2.500 денари порамнување.

За разлика од владата на СДСМ, кога министер за здравство беше претседателот Венко Филипче, имавме историско покачување на платите на лекарите специјалсти, здравствените соработници и средно медицинскиот персонал, исто така и реформа со која може да се пофалиме, а ВМРО-ДПМНЕ ја преипишува на свое конто е платата на специјализантите, прв пат вреднувани за својот труд, рече Радеска.

Таа посочи дека во време на СДСМ се направи систем за трансплантација на ткива, на органи и матични клетки, а сега има една или две трансплатнации, се пушти во употреба хибридната сала на државна кардиохиругија, а сега таа клиника, за жал, е со одборени денови на постоење, сега има недостиг од терпаии, а за време на СДСМ се донесоа иновативни терпации за болни од мултипла склероза, за цистична фиброза.

ВМРО-ДПМНЕ се потруди да го деградира белиот малнтил и пациентите. Тоа беше и во владеењето на Никола Тодоров, а да бидам искрена не очекувам ништо поразлично ни сега, особено со изборот на министер, кој е доктор по инфоратички науки, порача д-р Елена Радеска, од комисијата за здравство на СДСМ, од трибината на СДСМ под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“.

Последни вести