Соопштение за јавност
Петровска: Кој ќе го санкционира самоволието на службениците во Меѓуопштинскиоте центар во Скопје?
Пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска, во рамките на седницата на Парламентот посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани дали ќе постапи согласно неговите надлежности и дали ќе го санкцнионира своеволието на корумпираните службеници во меѓуопштинскиот центар во Скопје кои постапуваат спротивно на судско решение и го тргаат на страна интересот на четиригодишно дете.
Во продолжение интегрален текст на прашањето:
На почетокот на месец мај во јавноста се појави мајка на 4 годишно детенце, која ја раскажа својата голгота низ институциите, за жал и судските инстанци и изјави дека неправедно, заради корупција, влијанија и притисоци старателството и било одземено. Тоа е мајката Невена Спасеска, мајка на 4 годишното момченце. Тогаш таа јавно упати апел, молба, мајчински крик до сите институции да застанат и да размислат што прават и дека нивна должност е да се грижат за доброто на детето, а не да спроведуваат друга политика.
Како министер и министерство одговорноста и надлежноста на ова министерство е да се грижи за заштита на децата, да гарантирате дека одлуките кои се носат, особено од страна на меѓуопштинските центрите за социјална работа ќе бидат во интерес на децата, заради заштита на нивното ментално и физичко здравје и ќе гарантираат дека децата, вклучително ќе бидат заштитени од секаква можност за нивно трауматизирање. Но, за жал овој случај покажува дека не е така. Некои службеници од Меѓуопштинскиот центар во Скопје ги газат овие начела, интересот на малото дете го тргаат на страна и постапуваат спротивно на судско решение.
Овде имам записник од судско рочиште одржано на 17.06, каде судот носи Решение, и ја задолжува мајката на 30.06 во 09 часот да го предаде детето во центарот за примопредавање. Спротивно на оваа судска одлука, на ова судско решение вработени во меѓуопштинскиот центар за социјални работи на 19.06, со присуство на полиција и тоа интервентна се обидуваат да го одземат детето. Строитвно на насоките од судот
Моето прашање кое го упатувам до надлежното министертсво за социјална политика е дали ќе постапат согласно надлежностите, односно министерот и дали ќе биде санкцнионирано ова своеволие на корумпираните службеници, а притоа, се разбира да се заштити интересот и здравјето на малолетното дете. “
Линк до видео: https://youtu.be/lLNdM8wUfX0?feature=shared