Соопштение за јавност
Порачуваме дека е недозволиво министерот во заминување Кирил Милоски да ги задолжи граѓаните со над 15 милиони евра повеќе од доспеаните обврски, без да објасни зошто.
Денеска Миноски го реализираше најавеното задолжување на домашниот пазар од 31.7 милиони евра.
Обврските коишто стасуваат за наплата оваа недела се 15.8 милиони евра.
Миноски веднаш да излезе и да објасни, зошто ги задолжи граѓаните со над 15 милиони евра повеќе!
Укажуваме дека никој не смее да работи на штета на граѓаните на Македонија.
Поради ваквите штетни политики граѓаните избраа промени.
На граѓаните итно им се потребни институции што ќе работат во нивна служба.
Само нова и одговорна Влада на граѓаните на Р.Македонија може да ги запре непотребните задолжувања и да одговори на нивните реални потреби.
Скопје, 10.01.2017
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА