fbpx

СДСМ ја донесе победата за македонскиот јазик во ЕУ, Мицкоски ја претвори во пораз

Facebook
Twitter
LinkedIn

СДСМ ја донесе победата за македонскиот јазик во ЕУ, Мицкоски ја претвори во пораз

Христијан Мицкоски е единствениот политичар во Македонија кој директно придонел за понижување на македонскиот јазик и негово бришење од Европскиот парламент.

Затоа се поставува прашањето: Дали иницијативите на Мицкоски за “меѓународна верификација” на македонскиот јазик и идентитет се однапред осмислена фарса, смислена да заврши со неуспех?

Фактите го говорат спротивното од неговата реторика. Еве дел од најзначајните меѓународни потврди на македонскиот идентитет и јазик во времето на СДСМ од 2017 – 2024 година:

-1 август 2017 – Потпишан е Договорот за добрососедство со Бугарија, на македонски јазик.

-17 јуни 2018 – Преспанскиот договор со Грција експлицитно го потврдува македонскиот јазик и идентитет, согласно член 1(3) и член 7.

-2019 година – Обединетите Нации го потврдуваат македонскиот јазик како официјален за меѓународна употреба.

-Јули 2022 – Усвоена е преговарачката рамка со ЕУ, каде јазикот е јасно именуван како „македонски“.

-28 јули 2022 – Регистриран Центарот за македонски јазик во Грција.

-19 март 2023 – Основниот суд во Лерин ги отфрла барањата за укинување на регистрацијата на Центарот.

-15 јуни 2023 – Бундестагот усвојува резолуција за поддршка на македонскиот јазик, култура и идентитет.

-Септември 2023 – Сојузните држави Мичиген и Илиноис прогласуваат месец на македонската култура во САД.

-17 јуни 2024 – Метју Нимиц: „Посебноста на македонскиот јазик е светски призната и потврдена, не може да се преговара за нечиј идентитет“.

Овие факти се доказ за успесите на македонската дипломатија под водство на СДСМ. Сите овие верификации се постигнати низ труд, преговори, и државнички однос кон националните прашања – нешто што Мицкоски очигледно свесно го поткопува а Тимчо Муцунски нема ниту знаење, ниту капацитет, едноставно не го бива.

Македонскиот јазик не се брани со лажни иницијативи и театар, туку со резултати. А Мицкоски треба да сноси одговорност за тоа што прв – и единствен – го избриша македонскиот јазик од Европскиот парламент.

Последни вести