Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во Пробиштип ги повика граѓаните да погледнат во постапките на актуелната власт и да направат разлика, каква влада имаат сега, каква сакаат, и да се вклучат во промените за живот во Македонија.
„Го стави човекот од овој град, кукла-премиер, барем да го ставеше и носител во третата изборна единица. Ова покажува колку има душа овој човек. Од него доаѓа режимот, си ги лечи комплексите. Огромен егзодус има во Македонија, над 600 илјади луѓе заминати. Сме имале и тирани, и окупатори, но од своите никогаш. Сабајле излегувам од дома, ми вели мајка ми – многу викаш, ќе засипнеш. Велам, не викам јас, душата ми вика од сите мајки, од цела Македонија, што ги гледам и ми кажуваат колку тагуваат по децата кои не се до нив. Три илјади луѓе во последните неколку години заминале од Пробиштип. Да не дозволиме повеќе да не гази домашна чизма кога знаеме се. Да избереме слобода, да избереме живот“, повика претседателот Заев.
Тој во Пробиштип го претстави планот на СДСМ кој обезбедува живот за сите граѓани во Македонија и услови за враќање на младите во својата земја и нивните семејства.