Соопштение за јавност
Се фалеше со 800 а доби само 400, Костовски го прозва Димитриевски за одбиените средства за Куманово
Организацискиот секретар на СДСМ и кандидат за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски, го прозва градоначалникот Максим Димитриевски за одбиените средства за повеќе проекти за Општина Куманово.
„Јавно прашање до мојот поранешен сопартиец, сегашен против кандидат и градоначалник во заминување !
Утре 29 јули 2025 година е закажана седница на Совет на општина Куманово со точка на дневен ред- измена и дополнување на буџетот.
На општина Куманово согласно на бројот на жители од страна на Владата се обезбедени 814 000 000 денари од средства обезбедени од Унгарскиот кредит за капитални дотации за локални самоуправи. Општина Куманово поднесе 26 апликации, одобрени се 20 во висина од 400 000 000 денари.
Јавно барам одговор од Максим Димитриевски, зошто не се одобрени средства за :
-изградба на градинка во Зелен рид(250 000 000 денари)
-реконструкција на градска капела(36 000 000 денари)
-реконструкција на дел од старечки дом “Зафир Сајто”(35 000 000 денари)
-реконструкција на ОУ Кочо Рацин(36 000 000 денари)
-реконструкција на ОУ Вера Которка(12 000 000 денари)
-реконструкција на мост во с.Довезенве(15 000 000 денари)
На сите (освен мостот во с.Довезенце) изготвувач на проекти е ЈП Куманово-План.
Зошто не се одобрени средства во висина од 400 000 000 денари, дали граѓаните на општина Куманово се повторно излажани?
Дали уште еднаш се покажува твојата неуспешност како менаџер Максиме?
Овој повик беше објавен пред една година.
Зошто проектите не се завршени, а доколку се завршени зошто нема издадено одобренија за градење?
Знам дека ова не е една од твоите омилени теми, можеби сакаш да беседиш за “висока геополитика”, но јас јавно барам одговор.
А мои, драги кумановци сите овие проекти за кои Куманово е одбиено, ќе ги направиме заедно со сопствени средства !“ наведува Костовски во објавата.
https://www.facebook.com/share/1ZRuURiDHj/?mibextid=wwXIfr