fbpx

Шукова: Имам решенија Скопје да биде град на граѓаните, зелен и функционален

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Шукова: Имам решенија Скопје да биде град на граѓаните, зелен и функционален

-Јас сум тука да понудам решенија, јас сметам дека Скопје треба да биде град на граѓаните, значи мора да биде зелен, мора да има соодветен, функционален и ефикасен јавен транспорт, мора да го исчистиме од отпадот и хигиената мора да ни биде број еден, истакна кандидатката на СДСМ за градоначалничка на Град Скопје Каја Шукова во емисијата Вести плус на канал 5 телевизија.

Шукова нагласи дека граѓаните во изминативе четири години најмногу забелешки имаат за хигиената и сметот, неефикасниот јавен превоз, загаденоста, нефункционалните претпријатија.

-Ние како партија и јас секако ќе понудиме соодветни решенија на сите овие проблеми за да почнат полека но сигурно еден по еден да се решаваат во Градот Скопје, рече Шукова.

Во врска со хигиената и собирањето на сметот во градот, Шукова нагласи дека треба да се работи на зајакнување на капацитетите и функционалноста на комунална хигиена.

-Проблемот во Скопје го гледам од два аспекти, прво го гледам во нередовното собирање на отпад тоа е нешто го гледаат граѓаните постојано, и инфраструктура којашто е во ужасна состојба во моментов. Ние нудиме дигитално решение, но прво мора да набавиме нова опрема бидејќи ова е ужасна состојба а потоа е софтвер кој што дава информации врз чија основа се планираат рутите, се троши помалку време, се трошат помалку финансии, а Градот е чист, значи има ефикасни решенија, порача Шукова.

Таа додаде дека втор проблем се секако и дивите депонии, коишто постојано се создаваат низ градот.

-Мораме да направиме превенција на тие диви депони да не се создаваат. Превенцијата и казните секако се нешто кое го има во современите европски градови. Знам дека казните не се популарни меѓутоа ќе мораме да одиме со концептот на комунална полиција. Ние го понудивме тоа како концепти и на парламентарните избори. Сметаме дека е редно време тој закон да се донесе и да почне да се применува, нагласи Шукова.

Како решение за јавниот превоз, Шукова смета дека на маса треба да се врати проектот за БРТ.

-Тоа е решение коешто има изработен проект и е решение за коешто има обезбедено финансиски средств, што значи дека и нудиме проект на граѓаните со којшто нема да губиме време, туку веднаш ќе можеме да да прејдеме во акција, рече Шукова, додавајќи дека тој проект е димензиониран со две трансферзали коишто треба да заменат голем дел од сегашните автобуси, а секако остатокот ќе се покрие со еколошки автобуси.

Шукова нагласи дека овој концепт не е евтин, меѓутоа е долгорочно одржлив и ќе им даде сериозно безбеден а потоа и еколошки систем за јавен транспорт на граѓаните.

Во врска со загадувањето Шукова нагласи дека ќе треба многу да им се помогне на граѓаните, со субвенции за енергетска ефикасност, за промена на начинот на затоплување, не само од Градот, туку и од страна на општините во Градот Скопје.

-Истовремено контролата на индустријата мора да биде сериозна и да одиме малку повеќе и на самомониторингот кој што треба индустриските капацитети да го направат, а што им е предвидено во нивните интегрирани дозволи, контролата треба да продолжи и треба индустријата да вложува повеќе средства во надминување на проблемите коишто ги создава, а влијаат врз животната средина, рече Шукова.

За пробемот со дивоградбите Шукова нагласи дека дека тоа е нешто што мора да се решава, бидејќи покрај урбанизацијата тие објекти се апсолутно небезбедни за граѓаните и до нив не може да пристапи ни брза помош ни противпожарните служби.

-Не смее да има дивоградби, борба против таквата појава мора да има и и на ниво на Град Скопје и на ниво на скопските општини, истакна Шукова.

-Јас ќе бидам гласна за се што не е во интерес на граѓаните, порача кандидатката на СДСМ за градоначалничка на Град Скопје Каја Шукова во емисијата Вести плус на канал 5 телевизија.

Последни вести