fbpx

СДСМ: Бројот на вработени намален за 17.000 – погубни економски политики на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ: Бројот на вработени намален за 17.000 – погубни економски политики на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија скапо ја плаќа неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Фрапатни се податоците кои покажуваат дека по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во 2024 година во земјава има над 17.000 помалку вработени.

Тоа е директен резултат на погубните економски политики, хаосот и несигурноста, како и напуштање на политиките кои ги востастави СДСМ за стабилна и одржлива економија.

Со оваа неспособна Влада:

-Пазарот на труд се стеснува, продуктивното население е разочарано и заминува.

-Фондот за пензиско осигурување е под притисок, бидејќи денес 1,63 вработени обезбедуваат една пензија, наместо 1,74 како што беше пред само една година.

Владата нема стратегија, нема визија, нема мерки за задржување и отворање на нови работни места.

Ова се последици од владеењето на Мицкоски, се зголемува несигурноста за младите, пензискиот систем се доведува во ризик а приватниот сектор е оставен сам да се снаоѓа.

Граѓаните ја чувствуваат економската стагнација секој ден – на работа, на пазар, на семејна трпеза но за власта приоритет се манго, папаја, луксузни патувања за функционерите а не потребите на народот.

Последни вести