fbpx

Од Пиреј до пропаст: Со ВМРО-ДПМНЕ исчезнува македонската култура

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Од Пиреј до пропаст: Со ВМРО-ДПМНЕ исчезнува македонската култура

Љутков и ВМРО-ДПМНЕ ја оставаат спомен-куќата на Петре М. Андреевски да скапува – тоа е нивниот патриотизам!

Срамно е, болно и понижувачки за целата држава кога синот на Петре М. Андреевски, еден од најголемите великани на македонската книжевност, мора да бара поддршка за да се спаси спомен-куќата на неговиот татко од влага, заборав и молк.

Но тоа е резултатот кога министерот Љутков ја зголемува ставката за патувања и репрезентации на сметка на буџетските средства намените за заштита на културното наследство.

Оваа спомен-куќа, оваа меморијална постановка во Слоештица, беше создадена токму во време на владеење на СДСМ – со јасна намера: трајно да се сочува споменот на творецот на „Пиреј“, творецот кој ја однесе Македонија до светските книжевни височини.

А денес? Денес тоа светилиште на македонската литература е оставено на забот на времето, игнорирано од министерот Љутков и Владата на ВМРО-ДПМНЕ, кои инаку постојано се повикуваат на „чување на македонскиот идентитет“.

Ова не е обична негрижа – ова е културен вандализам под раководство на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ.

Ги красат бините со зборови за традиција, а ја пустошат суштината на нашата културна меморија. Ги споменуваат Карев и Делчев за дневно-политички поени, а го забораваат Петрета – кој ја воспеваше Македонија не со знамиња, туку со збор.

Оваа небрежност е културно предавство. Денес е Петре, утре ќе биде некој друг. А кога ќеја снема културата- ќе ја снема и државата. Затоа #СДСМ бара итна реакција, без разлика на кого е надлежноста, и спомен-куќата на Петре М. Андреевски да се стави под државна заштита и за истата да се обезбедат средства за одржување.

Очигледно ова е новата културна политика со која власта докажува дека не ја цени ниту државата ниту делото и ликот на нашите великани. Ако не знаете кој е Петре – прашајте ги учениците. Тие сè уште читаат „Пиреј“.

Ако не знаете што значи држава – прашајте нè нас. Зашто држава се гради со заштита и чување на културната посебност, а не со заборав.

Последни вести