fbpx

Обвинетот Груевски и соработниците како Спасов за се што направија, брзо ќе одговараат!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Никола Груевски и неговите соработници како Диме Спасов во ВМРО-ДПМНЕ се многу опасни по животот и безбедноста на граѓаните и не смеат повеќе да ја водат државата!

Сите овие луѓе од ВМРО-ДПМНЕ не само што со леснотија ја признаа вината на Спасов, туку покажуваат врвна неодговорност за што ќе одговараат!

За Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, тоа што Спасов дивеел по улици, пијан уништувал возила по пат, а можело да бидат и деца, со службен џип надвор од работно време, од институција во која тој не работи – е само “сообраќајна незгода со материјална штета од 150 евра!“.

Поради таквите како Спасов во ВМРО-ДПМНЕ, Груевски и фамилијата, од негрижа беше оставена да умре малата Тамара.

Поради овие неодговорни политичари и нивното опкружување, до смрт е претепан Мартин Нешковски.

Оваа власт што со крв го почна својот мандат, ќе биде казнета од граѓаните на 11 декември кои ќе изберат живот во Македонија.

 

Скопје, 30.10.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести