Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, се обрати пред граѓаните во Чаршијата во Велес, при неговата вчерашна посета на градот.
„Врвот на политиките на Никола Груевски е доказ за апатијата во велешката Чаршија. Зошто, ем ни ги нема младите ем има луѓе кои едвај преживуваат. Тоа е најсилниот доказ дека Македонија пати и плаче за промени. Промените доаѓаат и тие се здрави. Тоа е добро за Македонија.
Конечна цел ни е нашите деца и нашите внуци да ни останат тука“, рече претсеадтелот Заев во обраќањето пред граѓаните.
Тој влезе во повеќе дуќанчиња во кои купувачи немаше. Сопствениците на микро и малите фирми добро ја разбираат ситуацијата, самите велат: „Треба по фирмите да пуштат повеќе пари за народот да има да троши повеќе. Со 10 илјади денари плата не можат граѓаните да купуваат“.
Токму враќањето на парите кон граѓаните е она за што говори претседателот Заев кога вели дека државата е должна да им обезбеди достоинствен живот на граѓаните на Македонија.
19.10.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА