Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 – за народот нема пари само камати

Соопштение за јавност Мицкоски и Кочоска планираат во 2027 година да ги задолжат граѓаните на Македонија со нови две милијарди евра. За да го оправдаат огромното задолжување, Кочоска и Мицкоски лажат, како и за се друго. Велат дека толку долг доспева за враќање. А во предлог- Буџетот за 2027 којшто Кочовска го предлага, стои дека […]

Жерновски: Мицкоски е копија на Вучиќ

Соопштение за јавност Мицкоски е копија на Вучиќ, секоја афера на власта ја покрива со обвинувања, кривични пријави против опозицијата и дефокусирање на јавноста, потенцираше секретарот за меѓународна политика и член на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, во интервју во емисијата „Аргумент плус“, на телевизија 24. Жерновски како конкретен пример го посочи скандалот со […]

Лукаревска: Наместо повисоки плати, буџетот носи нови долгови, камати и зголемени трошоци

Владата планира нови задолжувања, ги зголемува трошоците за камати, а ги крати средствата за образованието, енергетиката, спортот и културата. Работниците остануваат без конкретна поддршка, додека 713 милиони евра доспеани, а неплатени обврски ја отсликуваат загрижувачката состојба со ликвидноста на буџетските корисници, посочи пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во гостувањето во „24 Анализа“. „Предложениот буџет е […]

Филипче: Мицкоски го презема моделот на Вучиќ – контрола врз медиумите, правосудството и безбедносните служби

Соопштение за јавност Мицкоски го презема моделот на Вучиќ преку контрола врз медиумите, правосудството и безбедносните служби, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервјуто за „Топ тема“ на телевизија Телма. Филипче посочи дека наместо демократска и европска држава, власта на ВМРО воспоставува систем во кој институциите ќе бидат подредени на интересите на власта, […]

Целосно разобличување на лагите на Кочовска и Мицкоски за долгот

Соопштение за јавност Министерката Кочовска изјави дека во 2027 година има 2 милијарди евра доспен долг кој требало наводно да се врати. Ова е уште една лага на Кочовска и Мицкоски која целосно ја разболичуваме. Самата Кочовска во предлог Буџетот за 2027 година, на страна 16 и 17 го напишала следново: „Отплатата на долгот во […]

Филипче: Владата и гувернерот требаше да го заштитат финансискиот систем – зошто не го провериле Мацура?

Соопштение за јавност Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за „Топ тема“ на Телма телевизија, истакна дека Владата на Мицкоски и гувернерот Славески имале обврска да го заштитат банкарскиот и финансискиот а не да го загрозат со влезот на Алта банка во Македонија. Тој го постави прашањето зошто не бил проверен угледот на […]

Филипче: Се сомневаме дека целиот процес за влезот на Алта банка бил договорен

Соопштение за јавност Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за „Топ тема“ на Телма телевизија, изрази сомневање дека целиот процес за влезот на Алта банка во Македонија бил договорен. Тој го проблематизираше консултирањето на гувернерот Трајко Славески со премиерот Христијан Мицкоски и посочи дека надлежните институции имале обврска да го проверат угледот на […]

Филипче: Околу 700 милиони евра неплатени обврски – власта ја загрозува ликвидноста на компаниите

Соопштение за јавност Околу 700 милиони евра се доспеани, а неизвршени обврски на државата кон стопанството, власта ја загрозува ликвидноста на комапниите, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервјуто во „Топ тема“, на телевизија Телма. Филипче посочи дека огромните неплатени обврски, заедно со доцнењето на повратот на ДДВ, ја доведуваат во сериозна опасност […]

Филипче: Алта банка е јадрото на криминалниот октопод на Вучиќ, Мицкоски и ВМРО се еден од краците

Соопштение за јавност Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за „Топ тема“ на Телма телевизија, нагласи дека Алта банка е во средиштето на криминална мрежа поврзана со Александар Вучиќ, а Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се дел од нејзиното дејствување во Македонија. „Алта банка е институција за која знае целиот регион. Јадрото околу кое […]

Филипче: Мед и млеко има само за власта – на граѓаните им се празни паричниците и фрижидерите

Соопштение за јавност Мед и млеко има само за власта, додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, со празни паричници и фрижидери, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервјуто во „Топ тема“, на телевизија Телма. Филипче посочи дека животниот стандард паѓа, цените растат, граѓаните, немаат доволно пари ниту за покривање на основните трошоци, […]