Платформата за иднината на Мицкоски се распадна, уште не почната

Во емисијата „Во Центар“, Андреј Петров отворено призна дека групата работи веќе осум месеци против СДСМ. Прво го туркаа Јован Деспотовски како промотор, потоа Петре Шилегов. Сега, во истата емисија, признаа дека ниту едниот ниту другиот не биле поканети на нивниот состанок. Луѓето кои ги користеа како параван, сега ги жртвуваат како мачиња. Говорат за […]

Мицкоски и ВМРО не се откажуваат од намерата за манипулација со 200 илјади гласови од дијаспората

Мицкоски и ВМРО не се откажуваат од обидите за изборен инженеринг и манипулација со над 200.000 гласови од дијаспората. Откако им пропадна шверцерскиот обид за електронско гласање, без било каква контрола, сега се обидуваат да наметнат гласање по пошта, повторно без никаква контрола и безбедносни гаранции за слободната волја на граѓаните. На Мицкоски не му […]

Оваа Влада ќе биде запаметена по проектот „Македонија до просјачки стап“

Владата на Христијан Мицкоски сака да биде запаметена по автопати и големи инфраструктурни проекти. Но вистината е дека ќе биде запаметена по систематското ново задолжување и по политиката на изолација која ја спроведува. Проблемот не се автопатите сами по себе. Проблемот е што оваа Влада секојдневно се задолжува. Јавниот долг со оваа Влада веќе надмина […]

Бочварски: Ребалансот е доказ за економската неспособност на власта и сиромаштијата во која живеат граѓаните

На седницата на Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот од СДСМ Благој Бочварски, посочи дека ребалансот на Буџетот за 2026 година е уште една потврда за погрешните економски политики на Владата, кои резултираат со повисоки цени, стагнација на платите, поголем дефицит и зголемен јавен долг. Бочварски посочи дека граѓаните секојдневно ја чувствуваат економската криза преку […]

Тренчевска: Со ребалансот Владата крати таму каде што треба да инвестира – кај младите, социјалната заштита и стопанството

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната комисиска расправа за ребалансот на Буџетот за 2026 година посочи дека Владата создава привид дека штеди, но во реалноста ги намалува средствата токму во програмите што треба да обезбедат развој, подобар живот и поддршка за граѓаните и стопанството. Тренчевска нагласи дека иако Владата тврди дека ги намалува непродуктивните […]

Тренчевска: Ребалансот не нуди реформи и развој, туку поголеми долгови и фискална нестабилност

Пратеничката од СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната комисиска расправа за ребалансот на Буџетот за 2026 година порача дека предложениот ребаланс ги потврдува погрешните економски проекции на Владата и покажува дека наместо фискална консолидација, државата се движи кон поголем дефицит, повисоко задолжување и дополнително стеснување на фискалниот простор. Тренчевска посочи дека расходите растат значително побрзо од […]

Трајчулески: Нема стабилност и развој со зголемен дефицит, ребалансот е признание за промашените политики на власта

Предложениот ребаланс на Буџетот е признание дека Владата потфрли во планирањето и повторно ги товари граѓаните со поголем дефицит, нови задолжувања и неизвесност, обвини пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет. „Овој ребаланс ја открива главната слабост, Владата сака да ја задржи реториката на стабилност, но бара инструмент […]

Андреј Петров е човекот кој ја предводеше најголемата изборна катастрофа во СДСМ

Во емисијата „Во Центар“, Андреј Петров, еден од главните промотори на иницијативата за „реформи“ во СДСМ (Платформа за иднина на Мицкоски – ЗНАМ 2.0), сам се разоткри. Тој беше шеф на изборниот штаб во Првата изборна единица на последните парламентарни избори во 2024 година – единицата во која СДСМ постигна историски најлош резултат, освојувајќи само […]

Платформата на Мицкоски против СДСМ

Соопштение за јавност Зад затворените врати на хотел „Лимак“, под превезот на таканаречените „Chatham House правила“, група поранешни функционери на СДСМ, заедно со претставници на ЗНАМ и членови на други партии, организираше средба чија единствена цел е обид за слабеење и уривање на СДСМ. Ова не е реформска иницијатива. Ова е координирана операција за создавање […]

Игор Ивановски „Шема“, поради своите шеми, не го споменува Мицкоски

Игор Ивановски, познат и како „Шема“, во 30-минутното интервју за националната телевизија ниту еднаш не го спомена Христијан Мицкоски. Ниту еднаш. Затоа што не може да ја напаѓа својата шема. Човекот кој се претставува како алтернатива, како „опозиција на опозицијата“ и како демократ, во моментот кога СДСМ минува низ најсериозниот период на консолидација, од удобната […]