На ВМРО и Мицкоски им се поматил умот, објавија пад од 41 проценти ама дека народот живее добро и сака да го нарекуваат талог

Соопштение за јавност Иста агенција, ист период, ист примерок. Прво објавија пад на рејтингот на 19,3 проценти. Од околу 32% на изборите, на 19% сега. Тоа е пад од околу 40 проценти. А наслов ставиле: водство. Бројката значи бегство. 41 % од граѓаните рекле дека нема да излезат, не знааат или не сакаат да одговорат. […]

Арамијата собра сто луѓе, многу помалку отколку за Илинден – на празникот на оние што се бореа против Ванчо Михајлов

Соопштение за јавност Мицкоски зборува за исправена глава и несвиткана кичма. Пред Бугарија. За Европа. За достоинство. На 11 Октомври. На денот на Народното востание. На празникот на оние што се бореа против окупаторот и против Ванчо Михајлов. А собрал едвај сто луѓе. Падот на ВМРО-ОКГ се гледа и тука. Партиските војници повеќе не доаѓаат […]

По повод 11 Октомври претседателот на СДСМ Филипче оддаде почит на хероите од НОБ во Прилеп

Соопштение за јавност По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, заедно со претседателката на Општинската организација на СДСМ Прилеп, Петра Лукароска, и претставници од општинската организација, оддадоа почит и положија свежо цвеќе пред споменикот „Жена борец“, на Могилата на непобедените и во меморијалниот Музеј „11 Октомври 1941“, […]

По повод 11 Октомври делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово

Соопштение за јавност По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, партиска делегација на СДСМ, предводена од генералниот секретар Александар Саша Димитријевиќ, заедно со координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, и членката на Извршниот одбор, Наташа Поповиќ и преставници од општинската организација на СДСМ Куманово, оддадоа почит и положија свежо цвеќе на […]

Филипче за 11 Октомври: Нашите предци се изборија за своја држава, наша историска задача е младите да останат да живеат во Македонија

Соопштение за јавност На 11 октомври пред 85 години луѓето што тргнаа во востание немаа никаква гаранција дека ќе победат, имаа окупирана земја и живот што го ставија на коцка, но имаа голема храброст во борба со надмоќниот непријател и силна верба во борбата за слобода, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на маршот […]

85 години борба против фашизмот! Да не ни се повтори Ванчо Михајлов

Соопштение за јавност Пред 85 години партизаните излегоа за слободна држава. За слобода. За достоинство на човекот. Против фашизмот! Не за поделба. Не за понижување на народот. Не за да го викаат талог, мочуриште, медиокритети, глодари. Тој речник не е од 11 Октомври и вредносите на НОБ. Тој речник е од друга традиција. СДСМ ја […]

Филипче: Европската иднина е национална задача околу која мора да ги обединиме сите сили

Европската иднина на Македонија мора да биде конкретна национална цел околу која ќе се обединат сите сили во општеството, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на маршот во Прилеп по повод 11 Октомври – Денот на народното востание. Филипче истакна дека европската интеграција не е проект на една партија, една влада или една генерација, […]

Филипче: Ќе се спротивставиме на распродажбата на Македонија — водата, земјата и ресурсите мора да се заштитат

Заштитата на водата, земјата и природните ресурси е прашање од национален интерес, а борбата против нивната распродажба е обврска кон идните генерации, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на маршот во Прилеп по повод 11 Октомври – Денот на народното востание. Филипче предупреди дека Македонија мора да се заштити од политики кои ги ставаат […]

Филипче: Борбата за Македонија денеска е борба за работниците, земјоделците и достоинствен живот

Борбата за Македонија денес е борба за подобар живот, достоинството на граѓаните и за држава што ќе се грижи за работниците, земјоделците, наставниците, лекарите, младите и пензионерите, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, од маршот „Непокор. Борба. Иднина“ во Прилеп, по повод 85 години од Народното востание и Антифашистичката борба. Филипче истакна дека граѓаните […]

Филипче: Не прифаќаме цела генерација да верува дека нема место во сопствената татковина

Не прифаќаме цела генерација да верува дека нема место во сопствената татковина, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на маршот во Прилеп по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, под слоганот „Непокор. Борба. Иднина – 85 години антифашизам“. Филипче укажа дека власта на ВМРО наместо да создава услови за младите да градат […]