Караванот „Најдоброто“ тргнува на терен, секојдневно со граѓаните, започнуваме од Битола

Соопштение за јавност Караванот „Најдоброто за мојата општина“ утре ги започнува своите активности во рамки на кампањата за претстојните локални избори. Утрешниот централен настан е закажан во Битола во 20.00 часот, а претходно караванот ќе биде со граѓаните на Демир Хисар. Во вторник караванот е во скопските општини Чаир и Кисела Вода по што ќе […]

ВМРО-ДПМНЕ измислува непостоечки скандали за да го ублажи поразот на изборите во Скопје

Соопштение за јавност Во ВМРО-ДПМНЕ исплашени од извесниот пораз на претстојните локални избори во градот Скопје не престануваат да измислуваат и да конструираат непостоечки скандали за градоначалникот Петре Шилегов. Од Белата палата, можат да објавуваат нецелосни документи, неосновано да обвинуваат за наводна корупција и злоупотреби, но ништо нема да ги спаси од пораз на изборите, […]

Свесни за дебаклот што им следува од ВМРО-ДПМНЕ конструираат случаи за да го ублажат поразот во Град Скопје

Соопштение за јавност ВМРО-ДПМНЕ не престанува да конструира случаи за градоначалникот Петре Шилегов со што само го потврдува стравот од извесниот пораз на претстојните локални избори. Може ВМРО-ДПМНЕ да пласира нецелосни и фабрикувани документи, да се обидува да врши притисок врз обвинителството но ниту тоа нема да ги спаси од седмиот изборен пораз по ред. […]

Заев: Придонесот што СДММ го дава во овие години е пример за многу младински политички организации и партиски подмладоци

Соопштение за јавност Попладнево претседателот на СДСМ Зоран Заев на покана на СДММ учествуваше на дискусија со претставници на Меѓународната унија на млади социјалисти меѓу кои и генералниот секретар Бруно Гонсалвес и потпретседателката Ана Пирцхалава. Претседателот Заев се заблагодари на можноста да се обрати пред младите од Меѓународната унија на млади социјалисти. Придонесот што СДММ […]

Џабе ВМРО-ДПМНЕ се обидува да сокрие, нивната понуда за изборите е „сите луѓе на Груевски“

Соопштение за јавност Ништо ново во ВМРО-ДПМНЕ, повторно наместо одговор, излегуваат со нервозна реакција во одбрана на изборот од немај каде за кандидати за градоначалници. Лица обвинети за кривични дела и луѓе блиски на Груевски е понудата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за овие претстојни локални избори, која се обидуваат да им ја спакуваат на граѓаните […]

ВМРО-ДПМНЕ е против граѓаните, блокира и кочи закони што носат придобивки за сите

Соопштение за јавност ВМРО-ДПМНЕ во Собранието рабпти против интересите на граѓаните и наместо конструктивност се што прави е блокади и кочења на важни законски измени. Во Комисијата за финансирање и буџет, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го кочат законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија. кој предвидува отпис на каматите […]

Шилегов го потпиша Кодексот за фер и демократски избори, СДСМ е убедлив фаворит на локалните избори

Соопштение за јавност Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов денеска го потпиша Кодексот за фер и демократски избори. – Денеска со дел од кандидатите за градоначалник на Град Скопје, го потпишавме Кодексот за фер и демократски избори. Со потписниците на овој Кодекс, заеднички се обврзавме дека изборната кампања ќе ја водиме […]

Лица обвинети за кривични дела и луѓе блиски на Груевски, тоа е понудата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за овие избори

Соопштение за јавност – реакција на изјавата на Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ Кандидатите на Христијан Мицкоски за градоначалници не можат да понудат ништо освен деструкција и враќање на режимот. Впрочем најголем дел од нив се луѓе на Никола Груевски, луѓе кои се обвинети за кривични дела кои Мицкоски лажно ги претставува како чесни и нови […]

Исплашена од извесниот пораз во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ тера една иста лага со денови

Соопштение за јавност Исплашена од извесниот пораз во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ тера една иста лага со денови Со денови ВМРО-ДПМНЕ преку фабрикувани и нецелосни документи конструира непостоечки случаи за градоначалникот Петре Шилегов и директорот на ЈП Водовод и канализација Душко Весковски. Голем е стравот во ВМРО-ДПМНЕ од поразот што ги очекува во Град Скопје и општина […]

Неодговорното ВМРО-ДПМНЕ во Собранието упорно блокира се што е во интерес на граѓаните и на државата

Соопштение за јавност Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието наместо да се посветат на интересите на граѓаните, посветени се на блокади, деструкции за лични и партиски интереси. Во Комисијата за финансирање и буџет, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го кочат законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија. Овој закон предвидува отпис […]