fbpx

Заменик претседателката Шекеринска оствари средба со Рејнхард Бутикофер, член на Европскиот Парламент

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На 23.09.2016, заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска оствари средба со Рејнард Бутикофер, член на Евроспкиот Парламент од Европската партија на зелените. На средбата беше разговарано за актуелните случувања во Република Македонија, изборите закажани за 11-ти декември и евроатлантските интеграции и аспирации на Македонија.

„Како политичари, имаме тенденција сите избори да ги прогласуваме за клучни. Но, Македонија овој пат навистина е доведена до ситуација да се бори за враќање на основните демократски вредности.“ – рече Радмила Шекеринска.

„Избориве пред нас ќе бидат пред се за конкретни решенија, а не за висока политика. Ние имаме решенија на најгорливите проблеми на граѓаните, како што е невработеноста и лошо платените работни места, пропаднатото здравство и несоодветното образование.“

„Отсекогаш сме имале консензус за евроатлантските интеграции во државава како нешто корисно и неопходно. Но, во последните 10 години, гледаме дека Владата, иако начелно за влез во ЕУ, не направи ништо конкретно за да го постигне тоа. Иако декларативно се уште се залага, не презема ништо за да станеме дел од ЕУ.“ – посочи Шеќеринска.

Ставовите и пристапот на Европската Унија кон Македонија беше една од клучните теми на состанокот. И покрај сите случувања, поддршката за влез во ЕУ останува на високо ниво според сите анкети, а Шеќеринска потенцираше дека визијата на СДСМ е да ја види Македонија како дел од Европската Унија.

Скопје, 24.09.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести