Шукова за ТВ 21: Време е Скопје да добие сопствен систем за управување со отпад, со фокус на селекција и европско финансирање

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Каја Шукова, кандидатка за Градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, изјави дека Скопје и државата мора да изградат сопствен, стабилен систем за управување со отпад, наместо да се потпираат на концесии кои досега не дадоа резултати.
„Имаше обиди за концесија на Дрисла, но тие не беа успешни последната концесија беше раскината пред околу пет години. Приватните партнери работат по повисоки цени, што значи повисоки трошоци за граѓаните. Затоа велам – ние мора сами да го изградиме системот: со селекција, со реупотреба, со одговорност,“ рече Шукова.

Во моментов, граѓаните плаќаат надомест за отпад според квадратура, а не според количина. Шукова посочи дека во делови од земјата наплатата е едвај 45%, што е премалку за јавните претпријатија да функционираат одржливо. Затоа таа предлага долгорочно воведување на систем „плаќање според количина на отпад“.

Истовремено, се работи на нова физибилити студија за управување со отпадот во Скопскиот регион, финансирана од ЕУ преку Брисел. Таа студија ќе биде основа за нови европски инвестиции и треба да биде готова во рок од година до година и пол, објасни Каја Шукова за ТВ 21.

„Градот мора да инвестира и сопствени средства во овој процес. Управувањето со отпад е еден од трите најважни приоритети за Скопје, и мора да го третираме како таков – со системски, а не ад-хок решенија,“ порача Шукова.