Соопштение за јавност
Каја Шукова, кандидатка за Градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, најави дека доколку добие доверба од граѓаните, веднаш ќе започне реализација на БРТ-системот – модерен автобуски транспорт кој значително ќе го намали загадувањето и ќе го подобри јавниот превоз.
„БРТ е најбрзото и најреално решение за јавниот транспорт во Скопје. За првата линија од Ѓорче Петров до Аеродром веќе имаме целосна проектна документација, објавен тендер и обезбедени 40 милиони евра од ЕБОР. Ако веднаш се започне со имплементација, на почетокот на 2028 година граѓаните ќе ја користат првата линија“, изјави Шукова.
Таа посочи дека паралелно со изградбата на оваа линија, која треба да биде во должина од 13 километри, се предвидува, 21 нова постојка, околу 30 нови автобусифреквенција на движење на секои 5–6 минути, и можност за превоз на околу 65.000 патници дневно во нови, чисти и еколошки автобуси кои нема да загадуваат.
Покрај тоа, ќе се работи и на втората линија Север–Југ, за која ЕБОР условно има обезбедено дополнителни 30 милиони евра, но за реализација е потребна нова студија со оцена на влијание врз животната средина, економски и социјален бенефит, и одржливост.
Шукова потенцира дека во рок од 4–5 години, Скопје може да добие две главни БРТ линии, со што ќе се интегрира целиот јавен транспорт и ќе се овозможи брз, чист и достапен превоз за сите граѓани.