Филипче: Регионот оди напред, а со власта на ВМРО-ДПМНЕ Македонија е изолирана на периферијата од Европа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Филипче: Регионот оди напред, а со власта на ВМРО-ДПМНЕ Македонија е изолирана на периферијата од Европа

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „Директно“ на Телма оцени дека ВМРО-ДПМНЕ ја држи земјата закопана во место и изолирана, кога целиот регион оди напред. Според него, од последните случувања на виделина излегуваат и причините за ваквата положба во која власта на ВМРО-ДПМНЕ ја донесе земјата.

„Нема ниту еден реформски закон донесен. Ниту еден од 12-те што требаше да се донесат годинава. Тоа се закони кои ги очекуваат граѓаните, но и судиите и обвинителите“, истакна Филипче, додавајќи дека станува збор за законите за судските предмети, за платите на судиите, за движењето на судските предмети и за сите области на кои Европската Унија има дадено забелешки.

Тој порача дека државата нема да може да ги отвори поглавјата со ЕУ ниту доколку уставните измени се случат веднаш.

„И да се случат уставните измени утре, ние не сме подготвени да почнеме преговори. Трите главни патокази за владеење на правото, малцинствата и јавната администрација не се ни започнати“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ потсети дека Македонија го доби еден од најлошите извештаи од Европската комисија.

„Извештајот е полош само од тој од 2015 година кога бевме означени како заробена држава. Ништо од ова не се случува случајно. Владата едноставно не работи на реформите“, потенцира Филипче.