Нема подавање рака на криминалци, техничката влада мора да остане

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мицкоски и ДПМНЕ не сакаат дијалог туку им треба алиби, покритие за нивното сценарио кое СДСМ веќе го разобличи. Избори, а потоа мигранти, зад што се крие обид за бегство од одговорноста за криминалот и корупцијата.

Ова е единствената причина за којашто Македонија се држи изолирана и надвор од ЕУ.
Подадената рака ја прифати ЗНАМ. Нив ги купивте. Затоа и постои тендер коалицијата.

„Консензус“ на овој начин не можеме да правиме од две причини: прво, ние не сакаме да ја изолираме Македонија; и второ, не сме на иста страна на законот.

Нема подавање рака на криминалци, на криминалците им се знае местото.

Техничката влада мора да остане затоа што таа е последната линија на одбрана од целосна злоупотреба на најважното – слободната волја на граѓаните за време на изборниот процес.

Власта не ја сака техничката влада затоа што со влез на министер од опозицијата се отвора увид во сите злоупотреби и во целиот коруптивен систем – за нив тоа значи отворање на Пандорината кутија.

Техничката влада е институционално вето, контролен механизам против воспоставување авторитарен режим и единствена шанса за чесни, фер и демократски избори.