Филипче: Мицкоски секој ден губи од својот кредибилитет

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, вечерва во „Тема на денот“, на телевизија Сител, нагласи дека премиерот Мицкоски со политиките што ги спроведува, го губи кредибилитетот.

„Премиерот секој ден губи од својот кредибилитет. Излезе дека дојде на власт со сериозно лажна пропаганда. Ветуваше промена на Преспанскиот договор, ветуваше промена на договорот со Бугарија, ветуваше реформи и така натаму. Ветуваше правда, викаше дека ДУИ се криминалци. Што излезе? Се договориле со Артан Груби“, рече Филипче.

Во интервјуто Филипче посочи дека и покрај силната пропагандна машинерија на ВМРО ДПМНЕ, граѓаните ја губат довербата во власта.

„Никој повеќе не може да ги излаже граѓаните. 40% од медиумите државата се контролирани од ВМРО ДПМНЕ, тоа се Орбановите медиуми кои што шират дефетизам, кои што шират анти ЕУ пропаганда, се вклучија да одбранат, а тоа едноставно не се брани. Стравот го чувствуваат граѓаните поради тоа што изгубија верба дека ова власт може да испорача тоа што треба“, рече Филипче.