Соопштение за јавност
Сè што досега кажа Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ се покажа како голема лага.
Театарот и режираното сценарио со Груби веќе станаа циркус пред очите на целата јавност.
Обвинителството под контрола на Мицкоски ја правдаше скандалозната одлука за куќен притвор со наводна безбедносна проценка од МВР и АНБ.
Само неколку часа подоцна, директорот на затворот „Шутка“, кадар на ВМРО-ОКГ, го демантираше обвинителството. Според него, ниту АНБ ниту МВР воопшто не дошле и не направиле проценка.
Мицкоски излезе на телевизија и рече дека тоа биле класифицирани информации, доверливи и дека не можело да се соопштат. Имал чувство.
Сега слушаме нешто друго, дека „странски служби“ јавиле уште пред една година и дека безбедносна проценка од АНБ и МВР воопшто не била направена.
Кои странски служби? Српски? Руски?
И клучното, ако нема безбедносна проценка од АНБ и МВР, како тогаш Обвинителството донело одлука за куќен притвор?
Ако нема проценка, како Мицкоски тврди дека била „класифицирана“?
Има – па нема безбедносна проценка. Дале – па не дале. Сега „странски служби“.
Недостигаат уште „жолтите комбиња“ за сликата да биде комплетна – вистински Циркус Медрано.
Нема посилна потврда од ова дека сè е договорено и смислено.


