fbpx

Никола Груевски е главниот виновник за хаосот во здравството!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Никола Груевски и Никола Тодоров се главните виновници за хаосот во здравството и нефункционирањето на системот на здравствена заштита.

После хаосот што заедно со својот миленик Никола Тодоров го создаде во здравството, Никола Груевски нема образ, нема кредибилитет да најавува било што.

10 години лажни и празни ветувања за Клиничка болница Штип.

Во секое предизборно ветување на Груевски и секоја програма на ВМРО ДПМНЕ, штипјани се излажани дека ќе добијат Клиничка болница.

Ја најавија во 2011. Ја пренајавија за 2013. На крајот на 2013, рекоа ќе биде во 2014.

На изборите во 2014, ја ветија за октомври 2015.

Сега сме 2016 а Штип сеуште нема нова Клиничка болница. 

За Никола Груевски и Никола Тодоров грижата за здравјето на граѓаните се само празни зборови и ништо повеќе.

Пациентите и натаму се лекуваат во мизерни и крајно недостоинствени услови.

Пациентите коишто боледуваат од малигни заболувања како и дијабетичарите, постојано се соочуваат со недостиг на лекови коишто се неопходни за нивниот живот. Огромен е бројот и на оние коишто молат за помош за лекување во странство.

Над 1.600 пациенти болни од рак не само од Штип, туку и од целиот источен регион, се приморани секојдневно да патуваат за зрачна терапија на Клиниката за онкологија во Скопје. Само во Штип на секои 1.000 жители, 18 се болни од канцер.

Во болницата во Штип нема тумор маркери за гради, матка и дебело црево.

За појадок пациентите добиваат салама и леб, а дежурните хирурзи виршли со јајце, додека Груевски и Тодоров потрошија половина милион евра народни пари за реклами за здрава храна.

Здравствениот систем во Македонија е целосно срушен, болниците се руинирани, граѓаните не добиваат квалитетни здравствени услуги, лекарите немаат основни услови за работа, се случува пукање врз лекарите по клиниките, умираат родилки и бебиња…

Затоа Македонија, според Еуростат, е на врвот на листата со починати новороденчиња во Европа.

Се потрошија 630 милиони евра за споменици, пари со коишто можеше да се создадат услови во сите болници ширум Македонија. Но, тендерите и бизнис зделките на фамилијата за ВМРО-ДПМНЕ беа поважни од здравјето на граѓаните.

Клиничката болница во Штип можеше да биде една од тие болници.

Кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста што ќе и ја дадат граѓаните, ќе ги промени приоритетите и парите ќе ги насочи кон решавање на проблемите во здравството, во интерес на граѓаните.

Скопје, 03.03.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести