fbpx

Граѓаните имаат едно очекување од Груевски: оставка!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги лаже граѓаните со нереални, виртуелни инвестиции.

Додека Никола Груевски и неговите соработници говорат за лажни инвестиции, во реалноста, наместо инвестиции има празни ливади наместо индустриски зони.

Во 2012 година Груевски најавуваше изградба на индустриска зона во Гевгелија, локалитет Прдејци. После цели три години наместо индустриска зона зјае празна ливада.

Наместо индустриска зона Опаленик, кај Крушево, 7 години стои празна ливада како јасен показател на лажните, виртуелни инвестиции на Никола Груевски.

На 01 фебруари 2014 година, Никола Груевски фрлаше лопати на камел темелник на фабрика за печурки во Св.Николе. После скоро 2 години , ниту имаме фабрика ниту нови работни места.

На местото на виртуелната индустриска зона Мауцкер, во Охрид, има депонија!

Листата е долга. Ја нема ниту фабриката за ветерници во тетовско. Груевски

излажа и за италијанската Орланди, турски Шишеџам, Хајер и Тривју, француската Монтипе, израелската Газит Глоуб, Еуро Италија, Искра Словенија, Биротекник Отомотив, Грудхост од Данска.

Народна банка објави дека во третиот квартал од оваа година, во Република Македонија влегле само 8,5 милиони евра странски инвестиции!

Според Народна банка, во јуни и јули оваа година, странските инвестиции во Македонија се на рекордно најниско ниво во цела Европа, дури и зад Косово!

Единствените реални „инвестиции“ на Никола Груевски се парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра, очилата од 60 илјади долари, провизиите и тендерите за споменици вредни 630 милиони евра за фамилијата…

Криминалното владеење на Никола Груевски и ВМРО – ДПМНЕ исполнето со корупција и лично богатење на луѓето од фамилијата ги избрка од Македонија и граѓаните и инвеститорите!

Веќе граѓаните имаат само едно очекување од Никола Груевски: се чека неговата оставка.

Збогум Никола!

Скопје, 15.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести