Филипче од Гостивар: Зошто здравствените власти ништо не презеле да се испита и анализира навреме?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

При денешната посета на Гостивар, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, упати серија прашања на кои Владата и Министерството за здравство треба да одговорат во врска со епидемјата во Гостивар, и за кои граѓаните имаат право да ја знаат вистината. Едно од прашањата се однесува на начинот на кој се менаџира епидемијата, за што Филипче посочи дека институциите потфрлија во навременото откривање и спречување на кризата.

„Што се случувало во изминатиот период и чија е одговорността за работите кои што се случувале и што сега се случува, односно какво може да се спречи и дали се заканува уште поголема катастрофа од тоа што сега се случи во Гостивар. Имено, зошто не се испитувала водата секој ден?“, рече Филипче.

Тој додаде дека јавноста има право да знае зошто здравствените власти не реагирале навреме, иако постоеле јасни сигнали дека состојбата се влошува.

„Зошто квалитетот на водата, Центарот за јавно здравје, не го испитувал секој ден? Понатаму, зошто кога се случил наплив на пациенти во болницата, не се истражило добро на што се должи тој зголемен број на пациенти во болницата, па можело уште порано да се реагира. Зошто ништо не се направило од страна на здравствените власти да се изменаџира прашањето епидемиолошки, да се анализира од каде доаѓаат симптомите, на што тие се должат“, рече Филипче.

Во изјавата за медиуми, Филипче укажа дека одговорноста на институциите не завршува со прогласување на епидемија, туку дека граѓаните очекуваат навремена реакција, анализа и преземање мерки за заштита на нивното здравје. Тој нагласи дека токму поради институционалните пропусти денес постојат сериозни сомнежи дека кризата можела да биде откриена и ставена под контрола многу порано, доколку здравствените власти постапеле професионално и одговорно.

„Не може здравствените власти, Министерството за Здравство, министерот, премиерот, да молчат по овие прашања. Треба јавно да ги објават резултатите од контролата и сите параметри на водата, како било, во кој денови, тоа никако не ја загрозува истрагата, како што сакаат да се оправдаат. Нема што да ја загрози истрагата, бројките се тие, фактите се тие, органите нека си постапуваат, ама граѓаните мора да знаат. Затоа што и човеково право, е вистински, навремен пристап до јавна информација, поради тоа што граѓаните мора да знаат“, рече Филипче.

Линк до видео: