Соопштение за јавност
Денеска Христијан Мицкоски имаше работен ручек со претседателката на Индија.
Официјално за билатерална соработка. Неофицијално за пронаоѓање на алтернатива за европскиот пат.
Мицкоски веќе подолго време покажува дека нема намера да ја одведе Македонија во Европската унија.
Наместо тоа, систематски бара други партнери.
Прво со Орбан и неговата Унгарија, потоа со Вучиќ и Србија, а сега и со Индија – земја која е дел од БРИКС, заедно со Русија и Кина.
Дали на средбата со индиската претседателка зборувал за тоа како Македонија може да се приклучи на БРИКС?
Дали ѝ објаснил дека ЕУ не ѝ е потребна на Македонија, бидејќи има „други опции“?
Дали спомнал дека е подобро да се чекаат децении, отколку да се спроведат реформи кои би донеле независно правосудство и одговорност?
Дали споменал дека и кажал збогум на Европа?!
Мицкоски не сака во Европа затоа што Европа бара правила, транспарентност и одговорност.
Русија, Кина и дел од земјите од БРИКС нудат нешто друго – помалку прашања, помалку контрола и повеќе простор за внатрешна контрола врз институциите.
Ова не е дипломатија. Ова е политичко бегање од европскиот пат.
Мицкоски веќе отворено кажува дека ќе чекаме децении за ЕУ.
Во меѓувреме, гради врски со оние кои не бараат реформи, не бараат независно судство и не бараат одговорност за криминалот.
На Македонија не и е потребна Европа, вели Мицкоски. Потребни и се Русија, Кина и Индија.
Тоа е неговата вистинска стратегија.

