Соопштение за јавност
„Курир“ денеска ги призна грубите лаги и му се извини на Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ и дополнителен заменик министер за информатичко општество.
Извинувањето од „Курир“ е само уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ преку медиумите под своја контрола постојано води медиумски хајки.
Дополнително, извинувањето од интернет порталот/информативната агенција/агенцијата-партија „Курир“ докажува дека медиумските хајки на власта се само невистини, измислици, и ништо друго.