Филипче: За тендери и провизии има милиони, за работниците и земјоделците нема пари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Власта на Мицкоски за тендери и провизии има милиони, за работниците и земјоделците нема пари, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, од вечерашниот завршен митинг во Брвеница. Филипче посочи дека Мицкоски и неговата ВМРО не исполнија ниту едно ветување.

„Сѐ што ветија, излажаа. Ветуваа подобар животен стандард.Ветуваа повисоки плати.
Ветуваа сигурен откуп за земјоделците.Луѓето денеска живеат потешко и полошо, едвај врзвуваат крај со крај. Ако сакате да видите што навистина мисли една власт, кои ѝ се целите, за што се залага, погледнете го буџетот. Погледнете каде одат парите. Само во криминални партиски тендери. И овој нов ребаланс ја покажа таа сурова вистина. За нивните тендери, провизии и пропаганда пари има, за земјоделците, работниците, пензионерите и младите пари едноставно нема“, порача Филипче.

Тој посочи дека СДСМ во Собранието по трет пат СДСМ побара минимална плата од 600 евра, но власта повторно го одби предлогот, исто како што го одби и предлогот на СДСМ за финансиската поддршка за земјоделците, кои се оставени без сигурен откуп и без соодветни цени.

„Минималната плата е 26.000 денари. Синдикалната кошничка за едно четиричлено семејство е 90.000 денари. Двајца работат, а семејството пак мора да крати од основните потреби. За работниците нема пари, ама 5,5 милиони евра за еден диџеј, за една вечер, за еден Дејвид Гета, тоа има. За граѓаните – нула. Ете, тоа е изборот и работата на оваа криминална власт“, истакна Филипче од Брвеница.

Филипче нагласи дека граѓаните живеат сè потешко, додека земјоделците се соочуваат со сериозна егзистенцијална криза, и покрај ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ за повисок животен стандард, повисоки плати и сигурен откуп.

„Од земјоделска земја ќе останеме, благодарение на Мицкоски, земја без земјоделци. Луѓето се во тешка состојба – лозарите, градинарите, полјоделците, сточарите, овоштарите, тутунарите, сите се во тешка егзистенцијална криза поради Христијан Мицкоски“, рече претседателот на СДСМ.

Тој додаде дека за само две години државата е задолжена со нови четири милијарди евра, додека дупката во буџетот и во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, е огромна.

„За нивните тендери, провизии и пропаганда пари има. За работниците, пензионерите, младите и земјоделците пари нема. Ете го изборот на оваа власт“, порача Филипче од Брвеница.

Линк до видеото :