Филипче: Не случајно само Мицкоски ги отвори вратите за влез на сомнителен капитал преку Алта Банка

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На денешната прес-конференција Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче го обвини Христијан Мицкоски дека не случајно ги отвори вратите за влез на сомнителен капитал преку „Алта банка“, додека, во европските земји оваа банка наидувала на затворени врати.

Филипче потенцираше дека влезот на банката во Македонија не е случаен, туку го поврза со бизнис, политичките и медиумските спреги со врвот на власта во Србија.

„Алта банка, банката којашто беше одбиена од секаде во Европа, банката на чијшто главен менаџер, директор, му беше забранет влез во Црна Гора. Сега гледаме што значи пристапување кон Европа. Нема таму внесување на црн капитал, како што тука ширум ги отвори вратите на оваа банка со сомнително потекло, што знаеме дека води до врвот на власта во Србија, ги отвори вратите Христијан Мицкоски и гувернерот на Народната банка“, рече Филипче.

Тој посочи дека станува збор за поширока мрежа на финансиско и медиумско влијание, осврнувајќи се на купувањето банка и осигурување, како и на финансирањето медиуми.

„Купија банка, купија осигурување, знаеме кои се тие релации, плаќаат медиуми и така натаму. И само кај нас тука, како да сме најзапоставено место на дното на Европа, може да прават што сакаат. Додека цела Европа и Црна Гора последна им ги затвори вратите“, истакна Филипче.

Претседателот Филипче нагласи дека овие врски треба да се гледаат во контекст на мрежата што ја одржува власта на Мицкоски и го пресликува моделот на владеење на Александар Вучиќ во Македонија.

„Тие бизнис, политички и медиумски спреги на Александар Вучиќ и до пред некое време на Виктор Орбан, се спрегите коишто го хранат, го хранеа режимот наш тука на Христијан Мицкоски. Нè држат во заробена држава, медиумски мрак и силен коруптивен режим. Е сега, на тоа постепено му доаѓа крајот“, порача Филипче.

На прес-конференцијата претседателот на СДСМ подвлече дека борбата против корупцијата ќе значи одговорност за сите, независно од партиската припадност, како и враќање на украдените пари на граѓаните.

„Ќе ја искорениме корупцијата од земјава. Тоа е тоа што нè држи на дното на Европа. Ќе има одговорност, без разлика кој на која партија припаѓа. Не само што ќе има одговорност, ќе вратат пари. Сите, до последен денар којшто го украдоа од буџетот, од иднината на децата, на семејствата и на граѓаните, да знаат дека ќе го вратат“, порача Филипче.

Линк до видео: