Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, нагласи дека Платформа е ЗНАМ втор дел и одработува за интересите на власта, преку обидите за поделба и слабеење на СДСМ. Филипче посочи дека, доколку навистина постоела намера за разговор, членовите на платформата ќе дојдеа на разговор, наместо да дејствуваат во насока на разединување на СДСМ.
„Таа платформа беше повикана ако сакаат да дојдат да разговараат. Но тоа не е намерата, затоа што кога имаш намера да разговараш, ќе дојдеш да разговараш. Кога имаш намера да го делиш СДСМ, тоа ќе го правиш. И тие тоа го прават. Му должат на Христијан Мицкоски. Сите се купени од власта и одработуваат за нивни интереси“, рече Филипче.
Филипче посочи дека појавувањето дека намерите на платформата јасно се видоа дека се во интерес на власта,да направат дефокус од реалните проблеми во државата за кои директно одговорен е Мицкоски.
„Дојдоа овде да направат дефокус на ден кога Фон дер Лајен дојде во државата и му кажа директно во лице на Христијан Мицкоски дека идентитетот и јазикот се заштитени. Со тоа падна во вода неговата најголема лага изминатите повеќе години. И му требаше некој да направи дефокус. Какво срамно сработување за еден таков предавник Христијан Мицкоски. Колку треба да се мизерни тие луѓе да одработуваат за ваква предавничка агенда. Нема да им помине“, рече Филипче.
Линк до видео:
