Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната собраниска седница го потсети премиерот Христијан Мицкоски на ветувањата што ги даваше за враќање на името, поништување на Преспанскиот договор, промени во договорот со Бугарија и преговарачката рамка. Филипче го повика Мицкоски конечно да покаже што реализирал од ветеното, наместо да се фали со празни ветувања.
„Еве премиере имате шанса, чекаат луѓето да го вратиш името. Врати го името. Чекаат да го поништиш Преспанскиот договор. Поништи го. Чекаат да го смениш или го подобриш договорот со Бугарија. Ајде подобри го. Чекаат да ја подобриш преговарачката рамка. Ајде подобри ја преговарачката рамка, 100 пати ветуваше. Ајде заштити го некако јазикот подобро, иако имаме договор потпишан на македонски јазик со Европска Унија“, рече Филипче.
Филипче го потсети Мицкоски дека додека тој продолжува да го користи прашањето за македонскиот идентитет и јазик во политички цели, претседателката Гордана Сијановска-Давкова и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, потврдија дека тие се заштитени. Тој порача дека европскиот пат е отворен за Македонија со зачуван македонски идентитет и јазик.
„Веројатно и понатаму ќе го браниш идентитетот и јазикот на отворање на базените, иако и Гордана Сијановска ти кажа дека и идентитетот и јазикот се заштитени, а тоа го кажа и претседателката Фон дер Лајен, ве чекаме во Европа со вашиот идентитет и јазик“, рече Филипче.
Линк до видео:
