Филипче: Во буџетот има 60% помалку пари за капитални инвестиции во здравството и 17% помалку за нови училишта

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција посочи дека со предлог-буџетот за 2027 година власта ги крати средствата за реконструкција на болници, изградба на училишта и поддршка на земјоделците.

Филипче нагласи дека, иако вкупниот буџет е зголемен, за 60% се намалуваат средствата „за капитални инвестиции, за развојни проекти, за реконструкција на болници и одделенија ширум државата“.

„Иако вкупниот буџет за образование е зголемен, за 17% се намалува сумата на пари предвидена за нови училишта“, рече Филипче, додавајќи дека за развојни капитални проекти во образованието се предвидени 30% помалку средства.

Кратења има и во земјоделството. Филипче посочи дека поддршката за земјоделците се намалува од 7,3 на 6,8 милијарди денари, а средствата за реконструкција на системите за наводнување се намалени за 90%. Тој предупреди дека со ваква политика во некои региони земјоделците може да престанат да произведуваат веќе во 2027 година.

Филипче укажа дека само 9% од вкупниот буџет се предвидени за капитални инвестиции. „Сè друго е за потрошувачка“, рече Филипче.

Линк до видео: