Соопштение за јавност
Во изминатите три години покажавме дека парите ги враќаме кај граѓаните, покажавме дека се грижиме за граѓаните, покажавме дека знаеме кој е најдобриот пат за државата, влеговме во НАТО, отпочнуваме преговори со ЕУ. Важно е секој да гласа за да продолжиме заедно, Влада на ВМРО ДПМНЕ носи опасност и хаос, ја бараме вашата поддршка за да ги продолжиме добрите политики, рече носителката на изборна листа во ИЕ2 Сања Лукаревска.
-Минималната плата ја зголемивме на 14.500 а до крајот на мандатот ја креваме на 20.000 денари што е дури 120% повеќе од оние 9.000 денари на ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година. Просечната плата до крајот на мандатот ја креваме на 34.000 денари. За две и пол години пензиите пораснаа за речиси 1.800 денари, а ВМРО-ДПМНЕ беше против секое нивно зголемување. Ќе има постојан раст и во следните 4 години. Најниските пензии ќе пораснат за најмалку 21%. Наша цел е младите да ги задржиме овде во нашата држава, да не бегаат надвор како што тоа го правеа во време на ВМРО ДПМНЕ. Го развиваме младинското претприемништво со поддршка од 5 до 15 илјади евра, за отпочнување на сопствен бизнис.
-Градевме едно општество за сите. За нас разликите се задништво. Заедно покажавме дека знаеме и можеме. Ќе продолжиме напред само ако вие така одлучите и само ако излезете и гласате на 15 јули, на вашето гласачкото место кое ќе биде целосно безбедно.