Соопштение за јавност
Новата Влада, што ќе ја предводи СДСМ, има план за реформи во правосудниот систем, за правда и одговорност за сите. Тоа е еден од најважните приоритети на кој интензивно ќе се работи уште од првите денови.
Поддршката од граѓаните за СДСМ значи продолжување по патот на напредокот, интеграциите, демократијата, правдата, владеењето на правото.
Истовремено преку конкретни мерки обезбедуваме силна и стабилна економија, за подобар животен стандард и повисоки плати.
Новата македонска економија креира работни места и создава шанса за секој.
Продолжува грижата за здравјето на граѓаните и борбата со глобалната пандемија.
Станавме членка на најмоќниот сојуз на светот НАТО алијансата, наскоро почнуваме со отворање на поглавјата за членство во ЕУ.
Новата Влада предводена од СДСМ во следниот мандат се обврзува да испорача уште повеќе и уште подобри политики и мерки насочени исклучиво во интерес на државата и граѓаните.