Изјава за медиуми, Снежана Калеска-Ванчева, координаторка на Форум на Жени на СДСМ и пратеничка
Почитувани граѓани, почитувани новинари
Во услови кога се соочуваме со најголемиот предизвик за заштита на населението од вирусот Ковид-19, кога сите се насочени кон заштита на граѓаните Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мислат само на партиските интереси.
Без план, без конкретни мерки, Христијан Мицкоски и Гордана Сиљановска на лидерската средба кај претседателот Пендаровски повеќе биле заинтересирани за личните и партиските интереси отколку за граѓаните и нивното здравје, отколку за реална помош за економијата.
Тоа е несериозно и неодговорно однесување во овие моменти.
Истовремено, кога цел свет презема остри мерки против ширењето на вирусот и прогласува вонредна состојба за да се спречи пандемијата, тој без никаков аргумент е против прогласувањето на вонредната состојба.
Вонредната состојба е потребна заради засилување на механизмите за заштита и обезбедување инструменти за навремена, конкретна и ефикасна помош кон стопанството и стопанските гранки кои се најпогодени.
Во овие моменти на Република Северна Македонија и е неопходен ефикасен систем кој ќе обезбеди посилни мерки за поефикасно спречување на корона вирусот.
Тоа го бараат и препорачуваат сите, јавноста, граѓаните, експертите…, само Мицкоски се обидува со квази решенија да го опструира процесот на заштита на граѓаните од корона вирусот.
Ситуацијата е сериозна, здравјето на граѓаните е приоритет.
Време е Мицкоски да се престрои на страната на здравјето на граѓаните, да заборави на теснопартиските интереси и да се фокусира за најважното: борба против корона-вирусот.
Граѓаните знаат кој има искрен пристап во решавањето на ситуацијата, а кој манипулира и политички калкулира во вакви сериозни времиња.
Сега не е време за политички манипулации. На државата и граѓаните им треба заедништво во делувањето и посветување на предизвикот.