fbpx

Толку од лажниот патриотизам, кандидатурата на Силјановска е за претседател на Северна Македонија, име што таа вели дека не го почитува

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми,

Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник

Скопје, 03.04.2019

 

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Гордана Силјановска е иста како Христијан Мицкоски и Ѓорге Иванов. Таа е лицемерна, не е искрена кон граѓаните. Едно зборува, друго прави.

Силјановска вели дека не го признава и нема да го употребува уставното име на државата.

Ова е официјален документ од Државната изборна комисија на кој јасно се гледа, дека Силјановска се потпишала на кандидатура за претседател на Република Северна Македонија.

Толку од лажниот патриотизам на Силјановска.

Силјановска во јавноста тврди дека нема да го употребува уставното име на државата, но нема проблем да се потпишува под уставното име заради лични цели и интереси.

Исто како и Мицкоски.

Почитувани,

Граѓаните нема да дозволат лицемери и нов партиски послушник кој не е искрен со нив, нема да дозволат нов Ѓорге Иванов кој работи против ЕУ и НАТО, против интересите на државата.

Граѓаните ќе одберат вистински претседател кој достојно ќе ја претставува државата. Граѓаните ќе ги изберат Стево, претседател на сите граѓани кој ќе ја води државата кон напредок, развој и инетграција во ЕУ и НАТО.

Последни вести